Во Словенија, потврдени се 1106 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, а 48 пациенти со коронавирус починале.
Со нови заразени во последните 24 часа, вкупниот број на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми на 75 370, а во моментов има 20 299 активни случаи на коронавирус.
Епидемиологот Бојана Беовиќ за Словенска телевизија изјави дека е можно олеснување на некои мерки за десет дена, но само ако трендот на раст на новозаболените лица продолжи да се намалува благо, односно ако сите се придржуваат до мерките за заштита.
Бројот на починати останува висок, но е понизок од рекордните 59 смртни случаи регистрирани на 24-ти овој месец, а според епидемиолозите, ситуацијата во болниците сугерира дека вториот бран на епидемијата може постепено да се смири.
Можеби ќе ве интересира: