Во Словенија со „Астра Зенека“ ќе можат да се имунизираат сите, без оглед на возраста и полот

Astra Zeneka
Astra Zeneka

Словенија ги укинува ограничувањата за вакцината на „Астра зенека“, така што во иднина со неа ќе можат да се имунизираат сите, без оглед на возраста и полот, освен ако не станува збор од особено ранлива група на хронично болни.

Zito akcija 640x289px

Како што пренесуваат словенечките медиуми, Владата ја донела оваа одлука на предлог на медицинско советодавно тело водено од мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА), која минатата недела, по анализата, утврди дека вакцината е безбедна и ефикасна и дека придобивките од неа се многу поголеми од можните ризици, па со примена може да се продолжи и покрај ретките случаи на појава на згрутчување на крвта.

Agria

Некои членки на ЕУ, дури и по таквата позиција на европскиот регулатор, одржуваа или воведоа одредени ограничувања за групи од популацијата што треба да се вакцинираат, додека Словенија во последните неколку недели ја употребуваше вакцината на британско-шведската компанија за имунизација на населението на возраст од 60 до 65 години.

Во иднина, вакцината на „Астра зенека“ во Словенија може да ја користат сите групи, освен хронично болни пациенти со висок ризик, а оние што ќе одбијат имунизација со неа кога ќе им дојде редот, ќе мора да чекаат подолго, односно да застанат на крајот од редот, пренесува порталот Индекс.хр повикувајќи се на словенечките медиуми.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: