Во сообраќајна несреќа, која се случила викендов, полесно е повреден 39-годишен велешанец, кој со четирицикл излетал од патот Отовица – Сујаклари и се превртел, јави полицијата.
„На ден 22.08.2020 година околу 17.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на Oпштинскиот пат село Отовица – село Сујаклари, во близина на воените магацини на АРМ, во месноста викана Цуцулиња, случена е сообраќајна незгода, во која лесен четирицикл излегол надвор од коловозот и се превртел. Четирициклот бил управуван од лицето С.К. од Велес, на возраст од 39 години, кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во ЈЗУ Општа болница – Велес. По укажаната лекарска помош истиот е пуштен на домашно лекување“, соопшти Димитар Каракулев од СВР Велес.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: