Во спектуларно финале Аргентина и Меси ја освоија светската титула

Trofej svetsko prvenstvo

Аргентинската фудбалска репрезентација предводена од Лионел Меси добива статус на бесмртна, откако денеска го доби неверојатното финале против Франција кое се одигра во Катар.

Zito akcija 640x289px

Досегашниот светски првак уште еднаш покажа дека има „девет животи“ и два пати се врати од работ на бездната, но сепак на крајот не успеа да слави во пенал рулетот кој се покажа како клучен за трета шампионска титула на селекцијата од Јужна Америка.

Agria

Аргентина фуриозно го отвори финалето на „Лусаил“ стадионот, брзо поведе со 2:0 и се чинеше дека има се во свои раце, но потоа во една минута им дозволи на грогираните Французи да се вратат во игра.

Лео Меси од пенал и Анхел Ди Марија беа стрелци на двата за предноста на „гаучосите“, додека Килијан Мбапе ги врати „галските петли“ со гол од пенал и волеј мајсторија по додавањето од Турам.

Во последните 10 минути од регуларниот дел, Французите беа поблиску до победа, но Аргентинците некако се одбранија и мечот отиде во дополнителни 30 минути игра.

Влегувањето во игра на Лаутаро Мартинез донесе три стопроцентни шанси за Аргентина, а една во гол ја претвори Лео Меси со својот втор погодок откако одбиената топка се врати кај него. Ова се случи во 109-та минута, но и тоа не беше дефинитивниот удар кој го зададоа Аргентинците.

Килијан Мбапе се избори за нов пенал откако неговиот удар заврши во раката на Монтиел, а потоа без проблеми го комплетираше својот хет-трик и го израмни финалето кое отиде во пенал рулет.

Иго Лорис не одбрани ниту еден пенал и стрелци за Аргентина беа Меси, Дибала, Паредес и Монтиел, додека трагичари за Франција се покажаа Коман и Чуамени.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34909/bisinov-fruitlend-ja-zabelezha-vtorata-pobeda-vo-prvenstvoto/