Во организација на Мото клубот од Велес, во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМА) и Општина Велес, денеска на велешкото езеро се одржува првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020 година.
Сашко Ванов од Мото клубот „Мото Велес“, вели дека околу 50 учесници од Македонија ќе се натпреваруваат во класите E1, E2, E3, и Велес Оф Роуд за возачи аматери.
Ванов потенцира дека сите учесници ќе ги почитуваат препораките на Агенцијата за млади и спорт за трка во услови на состојба на коронавирус, додавајќи дека сепак се работи за индивидуален спорт каде нема контакти меѓу возачите.
Трката започна во 11 часот, а околу 16 часот е треба да се случи прогласувањето на победниците во сите класи и категории.
Тој информира дека ќе се возат четири круга по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде ќе се мери времето.
Можеби ќе ве интересира: