Во тек огласот за распределба на 29 станови во новата социјална зграда во Велес

veles od kosturnica oktomvri
veles od kosturnica oktomvri

Деца без родители или родителска грижа коишто имаат наполнето 18 години и претходно биле згрижени во домови или во родителски семејства како и деца без родители, како и корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни односно природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, потоа лица припадници на ромската заедница коишто се социјално загрозени како и самохрани родители со малолетни деца можат да конкурираат за добивање на социјален стан  во новата зграда на улица „Раштански пат“ број 20 во Велес, во близина на поранешен „Киро Ќучук“ и Ветеринарната станица во новиот дел на Велес. 

Содржината продолжува под рекламата

Заинтересираните треба да поднесат документи во Меѓуопштинскиот центар  за социјална работа во Велес најдоцна до 21 октомври годинава за користење под закуп на еден од вкупно 29 станови со површина од 38 до 42 м2 .

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новата  зграда со станови наменети за социјално ранливите категории на граѓани започна да се гради во 2021 година со финансиски средства односно, заем од Советот на Европа даден на земјава. Инвеститор беше Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, а распределбата на становите ја реализира Министерство за транспорт и врски.

Јавниот оглас на Министерството за транспорт и врски е објавен на неговата веб страница https://mtc.gov.mk/vesti/Oglas-za-raspredeluvanje-na-29-sotsijalni-stanovi-vo-opshtina-Veles– .

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: