Во Велес денеска почнува Фестивалот на античка драма „Стоби“

Со претставата „Цар Едип“ на Народен театар од Сараево, во режија на Диего Де Бреа, денес во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, ќе биде отворено 21-то издание на Фестивалот на античка драма Стоби кое ќе трае до 5-ти октомври.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Оваа година во официјална конкуренција за наградите се пет претстави од БиХ, Јужна Кореја, Бугарија, Унгарија и Македонија, а Универзитетот Прима Европа е во придружната програма.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На 1-ви октомври гостува театарот „Маладип“ од Будимпешта со претставата „Пенелопијада“, во режија на Жолтан Балаз. На 2 октомври на програмата е претставата „Мир“ на театарот „Идиоти“ од Пјонгјанг, Јужна Кореја, во режија на Ли Сангмунг. На 3-ти октомври е македонската дуодрама „Нерон“ во режија на Ѓорѓи Ризевски во копродукција со МКЦ а на 5 октомври е „Едип и пророците“ на Драмскиот театар од Пловдив, во режија на Дијана Добрева. 4-ти октомври е наменет за придружната програма односно претставата „Античка драма, монолози и сцени“ на Универзитетот Прима Европа од Скопје.

Жирито што ќе ги додели наградите е во состав: Владимир Милчин (претседател), Маја Љутков и Ненад Витанов.

Можеби ќе ве интересира: