Во Велес еден нов случај на ковид-19

Veles Maj 2021

Откако во изминатите пет дена во Велес немаше регистрирано ниту еден нов заразен од ковид -19, во денешната статистика на Министерството за здравство е регистриран еден нов случај на коронавирус. Во ковид статистиката нема регистрирано ниту еден оздравен велешанец. Активниот број на случаи во градот е 72.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Agria

Регистрирани се 84 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).

Од пријавените, 5 лица  се починати  во домашни, а останатите 11 во болнички услови. Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21009/vo-veleshkiot-kovid-czentar-se-hospitalizirani-samo-18-paczienti/