Во Велес и денес нема новозаразени од ковид-19

Veles 997x485

Во ковид статистиката на Министерсвото за здравство , денес во Велес нема регистрирано нов случај на коронавирус. Регистрирани се четири оздравени велешани. Активниот број на случаи во градот е 61.

Zito akcija 640x289px

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово  – по 1.

Agria

Регистрирани се 147 оздравени пациенти ,Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).

Од пријавените, 6 лица  се починати  во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21085/srpskite-turisti-letovo-ke-dobijat-200-iljadi-elektronski-kartichki-za-besplatna-patarina-vo-zemjava/