Повторно високи бројки на новозаразени во Велес регистрира Министерството за здравство во својата ковид статистика. Денес од 601 нов случај на ковид-19 во Македонија, 34 се регистрирани во Велес, 16 пациенти ја победиле болеста, додека еден пациент на 73 годишна возраст е починат. Бројот на активни случаи во државава се зголемува и изнесува 7.836, додека во Велес се искачи на бројот 368.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.501 тестирање, а регистрирани се 601 нови случаи на КОВИД-19:
-Содржината продолжува под рекламата –
Скопје – 217, Битола – 68, Велес – 34, Кавадарци и Куманово – по 31, Прилеп и Штип – по 28 , Крива Паланка – 18, Кочани и Тетово – по 17, Гевгелија – 16, Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш – по 10, Берово – 9, Неготино – 8, Македонска Каменица и Ресен – по 5, Богданци, Виница и Гостивар – по 4, Кратово, Пробиштип и Струмица – по 3, Демир Хисар, Крушево и Свети Николе – по 2, Македонски Брод и Струга – по 1.
-Содржината продолжува под рекламата –
Регистрирани сe 304 оздравени пациент од: Скопје – 141, Куманово – 26, Велес – 16, Прилеп и Кавадарци – по 15, Битола и Штип – по 14, Охрид – 10, Тетово и Кочани – по 7, Пробиштип – 6, Свети Николе – 5, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево – 4, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Ресен, Виница и Кратово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи изнесува 7.836.
Можеби ќе ве интересира: