Во Велес повторно не е регистриран нов случај на Ковид-19 во изминатите 24 часа

kruzen tek Veles nova slika
kruzen tek Veles nova slika

Во ковид статистиката на министерство за здравство во последните 24 часа повторно нема ниту нов случај на коронавирусот, но нема регистрирано и оздравен пациент како последица од Ковид-19.

Во последните 24 часа на територија на целата државава вкупно се направени  2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-1 од:

Agria

Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.

Регистрирани се 26 оздравени пациент од:

Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).

Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

До овој момент во земјава се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: