Скопската екипа на чело со претседателот на регион Мики Ристовски го освои првиот Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите борци од 2001 година, кој се одржа вчера во Велес. Второ место е екипата од Велес и повардарието, предводена од претседателот на регион Аце Соколов. Турнирот го организираше Здружението на воени ветерани и воени инвалиди од 2001 година „Феникс“ и Движењето на млади сили „Феникс 2001“.
„Огромна благодарност изразуваме до потпретседателот на ФФМ Лазар Ракиџиев, кој од се срце помогна за прекрасно издание на турнирот. Исто така, узразуваме огромна благодарност и до легендата на велешкиот фудбал и сегашен претседател на ОФС Велес, Љубе Велковски, кој го додели пехарот на победниците. Најголема благодарност до сите учесници и до нашата „икона“ од 2001 година, полицискиот генерал Зоран Јовановски, кој, заедно со мене, го отвори овој турнир, кој ќе стане традиционален и од идната година ќе учествуваат сите заинтересирани професионални клубови во футсал на ниво на државата“, рече Лазо Наумов, претседател на Здружението „Феникс 2001“.
Содржината продолжува под рекламата
На турнирот учествуваа 50 натпреварувачи од сите краишта на Македонија, ветерани од 2001 година. Натпреварите се играа на ракометното игралиште во Градскиот парк.
Можеби ќе ве интересира: