Во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови седум позитивни случаи на ковид-19, оздравени се девет пациенти, а едно лице на 92 годишна возраст е починато. Бројот на активни случаи во Велес е 174.
Содржината продолжува под рекламата
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Битола – 25, Кавадарци и Прилеп – по 17, Куманово и Берово – по 11, Кочани – 10, Велес – 9, Штип – 7, Делчево – 6, Охрид – 5, Гостивар – 4, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 3, Гевгелија – 2, Неготино, Виница и Крушево – по 1.
Содржината продолжува под рекламата
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (64г, 67г и 86г) и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Велес (92г), Штип (68г), Охрид (84г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 10.12.2021. Регистрираното починато лице е од Кавадарци (1). Починатото лице е на возраст од 86 години. Лицето е починато во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.408, бројот на оздравени пациенти е 205.946, на починати е 7.732, а бројот на активни случаи изнесува 5.730.
Можеби ќе ве интересира: