Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови.
Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Со новите тројца новозаболени, бројката на заболени од Ковид 19 во Велес достигна 58.
Во изминатите 24 часа потврдени се 37 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје-8, Куманово-9, Прилеп-5, Тетово-3, Велес-3, Охрид-8, Кочани-1.