Жена на 39-годишна возраст од Горно Јаболчиште почина вчера попладне во велешката болница. Пациентката била позитивна на ковид-19 и на инфективното одделение во болницата се лекувала четири дена. Починатата не била вакцинирана против ковид-19. Таа е 182 жртва од Велес и велешко од почетокот на пандемијата до денес.
Од велешката болница информираат дека таму од ковид-19 се лекуваат 42 пациенти, од кои 40 имаат позитивни тестови и двајца пациенти се со негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти. Денеска се испишани тројца пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Содржината продолжива под рекламата
Во меѓувреме, пациетни од ковид се лекуваат и на интерното одделение, каде што во моментов се хоспитализирани двајца, додека четириесетмина се сместени на инфективното одделение.
Содржината продолжива под рекламата
Вчера во Велес беа регистрирани нови 21 новозаразени граѓани, со што бројот на активни случаи изнесува 195.
Можеби ќе ве интересира: