Од велешката болница информираат дека во моментов таму се хоспитализирани 44 пациенти со ковид-19, од кои 28 се со потврдени позитивни тестови, осум пациенти се сомнителени на вирусот, а осум пациенти имаат со негативен тест, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 25 пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
На инфективното одделение се хоспитализирани 23 пациенти, во модуларната болница 11 и на интерното одделение се лекуваат 10 пациенти со ковид-19. Во последното деноноќие во Велес се регистрирани нови 19 случаи.
Содржината продолжува под рекламата
Во последните 24 часа испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Можеби ќе ве интересира: