Во велешкиот ковид центар почината 79 годишна пациентка

infektivno veles
infektivno veles

Една пациентка на 79 годишна возраст од село Оморани е почината во велешката болница. Таа е 245 жртва на коронавирусот во Велес и велешко.

Zito akcija 640x289px

Од велешката болница информираат дека во моментов, таму се хоспитализирани 52 пациенти, што е исто бројка како и во вчерашниот ден. 33 имаат позитивни тестови, пет пациенти се сомнителени на вирусот, а 14 пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 15 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На инфективното одделение се сместени 19 пациент, во Модуларната болница има 22 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат 11 пациенти.

Содржината продолжува под рекламата

Еден нов пациент е хоспитализиран поради компликации од ковид-19, во последните 24 часа, испишани се четворица пациенти со по еден негативен тест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: