Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд

kavadarci vinski muzej

Гурмански викенд се одржа изминативе два дена во Вински музеј Кавадарци, во рамките на ,,Кавадаречко културно лето 2023″.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Посетителите имаа можност да дегустираат храна и пијалаци од Тиквешкото поднебје. Целта е промоција на традицијата и на културниот туризам, богатото културно наследство во делот на лозарството и винарството.  Познати сме по вкусните производи типични за овој крај“, рече директорката на Музејот, Весела Честоева.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Нагласувајќи дека Музејот е сместен во градскиот парк во Кавадарци, кој важи за еден од најубавите во државата, таа додаде дека станува збор за неповторливо гурманско доживување. Честоева подвлече дека постојано се зголемува бројот на посетители во Музејот, што полека си го зазема своето место на туристичката мапа, како презентер на културата и традицијата во најголемиот лозаровинарски регион во државата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: