Италијанскиот парламент го одобри барањето на премиерот Џузепе Конте вонредната состојба во земјата да се продолжи до 15 октомври, со што владата ќе добие дополнителни овластувања во борбата против епидемијата на коронавирусот.
Сенатот ја усвои мерката за која гласала 157 пратеници и покрај тоа што опозициските партии се спротиставија на барањето, тврдејќи дека Конте пробува да добие премногу овластувања и покрај драстично ослабената епидемија.
Долниот дом на парламентот ќе гласа утре за барањето на Конте.
Роберто Сперанца Италијанскиот министер за здравство, изјави дека претходно владата планира да ја продолжи вонредната состојба во 31 октомври.
Оваа земја една од најпогодените во Европа при глобалната пандемија на Ковид-19. Во Италија досега се потврдени 246.500 случаи на зараза, а починати се повеќе од 35.000 луѓе.
Можеби ќе ве интересира: