Товарен воз вчеравечер во 21:37 часот излетал од шините помеѓу железничките станици кај Кадина Река и Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Регионалниот ЦУК Скопје, ја пренесува информацијата од Македонски железници дека помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“, товарен воз вчера, во 21.37 часот е излезен од шините, поради што соoбраќајот во тој дел е во прекин“.
Нема повредени лица, а на терен има екипи од Македонски железници.