Сообраќајна несреќа помеѓу воз и автомобил се случи денеска кај железничкиот премин кај велешкото село Оризари. Несреќата се случила денеска околу 16.00 часот. Вој овој момент нема официјални информации колку лица се повредени во несреќата, ниту како е дојдено до несреќата.
Полиција во моментов е на терен и врши увид на местото на настанот, а на местото е присутна и Итната медицинска помош.
Во текот на денот очекуваме повеќе информации, по што дополнително ќе ја информираме јавноста.
Можеби ќе ве интересира: