Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ, биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко.
Мигрантите со возило на Итна помош од Велес биле итно пренесени во Ургентниот цетар на велешката Општа Болница. Поради повредите на едниот во велешката болница му била ампутирана левата нога, а вториот имал само нагмечувања на шаката.
“Во текот на вчерашната ноќ, на одделот за хирургија донесени се 2 лица со непознат идентитет, мигранти , повредени при удар од Воз. Во незгодата едниот пациент се здобил со тешки телесни повреди, ампутирана лева нога и нагмечувања по телото, а другиот со повреда на шаката, по укажаната лекарска помош истите се пренесени на ТОАРИЛУЦ Скопје за понатамошен третман и лекување,” соопштија од велешката болница.
Несреќата се случила во 00,45 минути по полноќ кога товарниот воз Гевгелија-Табановци ги повредил двајцата мигранти кои се движеле по пругата.
Можеби ќе ве интересира: