Возач на камион од Велес, кој возејќи починал од срцев удар, прогласен за херој во Италија

Педесетгодишен возач од Македонија, кој деновиве, возејќи камион во Италија, доживеал срцев удар и починал, е прогласен за херој од страна на италијанските медиуми.

Zito akcija 640x289px

Возејќи по автопатот Авелино – Салерно, човекот почнал да чувствува здравствени проблеми. И покрај тоа, тој бил присебен, успеал да ја намали брзината, да го сопре камионот на безбедна страна кај крстосницата за Серино, се струполил над воланот и починал. Екстремниот маневар овозможил да се избегнат драматични несреќи.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На местото на настанот интервенирала сообраќајната полиција од Авелино и здравствени работници, но не успеале да го спасат 50-годишникот.

Содржината продолжува под рекламата

За овој потег, италијанските медиуми го прогласија за херој Македонецот, за кој Батали.нет дознава дека живеел во Велес, бидејќи, како што објавуваат, спасил животи на други учесници во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: