Возете внимателно: Магла на автопатот Катланово – Велес – Градско

avtopat Veles-Skopje

На автопатот Катланово – Велес – Градско утрово има појава на магла, што ја намалува видливоста до 50 метри, инфиормира АМСМ.

Zito akcija 640x289px

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Agria

Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше). Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, пак, е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34969/18-godishen-e-vozachot-koj-deneska-na-pogrebot-na-malata-magdalena-povredi-zhena-i-pobegna/