(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) 12 годишно девојче од Велес брутално нападнато од нејзина врсничка, останатите снимаат и ја поддржуваат насилничката

12 годишно девојче од Велес е брутално нападнато од своja врсничкa, а сведоци го снимаат настанот со телефон и ја поддржуваат напаѓачката. Настанот, чија снимка се појави на социјалните мрежи, се случил на 17 април годинава околу 16 часот, во Нова населба, во близина на Трговскиот центар.

Zito akcija 640x289px

Пред да биде нападнато, на снимката се слуша како девојчето, најверојатно по телефон, бара помош од нејзината мајка. Во еден момент насилничката ја повлекува за коса и ја турка на земја, па почнува да ја удира. По неколку секунди притрчува повозрасна жена и успева да го спаси нападнатото девојче.

Agria

Од велешката полиција го потврдија настанот, кој бил пријавен кај нив. Оттаму велат дека во текот на денот ќе објават соопштение со деталите за случајот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: