Вработени во Центарот за социјални работи во Прилеп протестираат за нивната колешка која беше застрелана вчера

Вработените во Центарот за социјални работи во Прилеп, како и неколку други низ државата денеска во овие моменти протестираат пред зградата на институцијата во знак на поддршка за нивна колешка која беше застрелана вчера во просториите на Центарот за социјални работи Прилеп.

Zito akcija 640x289px

Социјална работничка вчера беше застрелана на своето работно место во Центарот за социјални работи во Прилеп од страна на 50 годишен маж, кој пред 4 дена побегнал од Психијатриската болница во Демир Хисар. Тој со пиштол ја застрелалал 36 годишната социјалана работничка, по што таа веднаш е префрлена во Прилепската болница, од каде велат дека жената е надвор од животна опасност,  со влезно излезна прострелноа рана, но во стабилна состојба.

Agria

50-годишниот маж и претходно бил осудуван за кривични дела сторени врз истата жртва – Еднаш на  1 година и 3 месеци задолжително лекување во Психијатриската болница од каде избегал, а другата казана е затворска но предметот  е се уште во битолска Апелација.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: