Вработените на Фени на штрајк

feni
feni

Вработени во „Еуроникел“, поранешна „Фени“, повторно протестираат како пред шест години кога беше прогласен стечај, па потоа фабриката ја презеде швајцарскиот фонд ГСОЛ преку македонскиот претставник „Еуроникел индустри“. Бараат поголеми плати, исплата на заостанатата рата од К 15 за 2022 година, покачување на К 15 за оваа година и негова еднократна исплата, пренесува макфакс.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Денешниот протест го нарекоа предупредувачки и најавија дека ќе протестираат пред влезот на фабриката секој ден во периодот од 13 до 14 часот до исполнување на барањата. Одлуката за протест Синдикатот едногласно ја донел на 1 јуни.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Од страна на членовите на собранието беше изразено огромно незадоволство од дадениот одговор по однос на барањата, што резултира со носење едногласна одлука за почнување протести без запирање на производствениот процес, со место на одржување пред капијата за влез во фабриката, и тоа секој работен ден во траење од еден час, помеѓу 13 и 14 часот“, стои во известувањето од Синдикатот.

Од „Еуроникел“ немаше официјална реакција по денешниот прв предупредувачки протест.

Вработените пред еден месец алармирале за состојбите во фабриката.  Укажаа дека стравуваат оти ќе биде затворена бидејќи не се носат руда и репроматеријали, нема производство и се шират муабети за нов стечај по што следуваа состаноци со дел од управата, на кои беа пренесени истите барања како и од денешниот протест.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: