Денеска, времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер, претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 18 до 25 степени.
Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.Под влијание на постудена воздушна маса од ноќта кон недела ќе се зголеми облачноста. Потоа преку денот ќе почнат врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со засилен северен ветер и појава на грмежи, а температурите ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во однос на претходниот ден, информира УХМР.
Можеби ќе ве интересира: