Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.
На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 Целзиусови степени.
В вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Можеби ќе ве интересира: