Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени, информира УХМР.
Во следние денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец.
Во вторник попладне во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, а во среда попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Можеби ќе ве интересира: