Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за појава на град.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната значително ќе опадне и ќе се движи од 18 до 24 степени.
Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на температурата.
Можеби ќе ве интересира: