
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во наредните денови следува период на претежно променливо облачно време, наутро со услови за локална појава на магла, со позитивни утрински температури и со претежно јужен ветер. Кон крајот на работната недела ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во планинските региони.
Можеби ќе ве интересира: