Временска прогноза

veles tabla vlezot
veles

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во јужните делови ќе има повеќе сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови ќе има зголемена облачност и претежно во северозападните делови појава на краткотраен локален пороен дожд и ретки грмежи.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималната температура ќе биде во интервал од  27 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 7.

Agria

Во наредните денови ни претстои сончево време со повисоки температури. Во следните три дена времето ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 21 степен, а максималните од 28 до 38 степени.

Услови за изолирана нестабилност ќе има в четврток и на почетокот на викендот.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: