Променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините претежно во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места.
Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Во среда се очекуваат нови врнежи од дожд, на места пообилни, а на планините и на повисоките места од снег. Од четврток ќе има значителен пораст на температурите.
Можеби ќе ве интересира: