Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од четири до 10, а максималните од 10 до 15 степени.
И во следните денови под влијание на циклонска активност од запад ќе се задржи променливото облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи. Температурите ќе бидат без поголеми промен.
Можеби ќе ве интересира: