Денеска времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.
Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во сабота. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.
Можеби ќе ве интересира: