Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.
Содржината продолжува под рекламата
Во вторник ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Содржината продолжува под рекламата
Потоа во следните два дена во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневните температури од петок ќе бидат во пораст.
Можеби ќе ве интересира: