Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Од УХМР најавуваат дека денеска и утре ќе се задржи многу топло време, утре со засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степени Целсиусови, а максималната од 30 до 40 степени Целсиусови.
Содржината продолжува под рекламата
Под влијание на атмосферски фронт утре во попладневните и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, информира УХМР.
Содржината продолжува под рекламата
Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
Можеби ќе ве интересира: