Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста, а преку ноќта и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната од 30 до 38 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Од утре дневните температури во земјава ќе опаднат за неколку степени.
Можеби ќе ве интересира: