Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 38 степени.
Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со просечни температури за овој период од годината. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд.
Можеби ќе ве интересира: