Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
До петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во четврток ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло.
Можеби ќе ве интересира: