Времето ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2.
Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.
Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Можеби ќе ве интересира: