Времето претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени.
До недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во ноќните часови од недела кон понеделник ќе бидат проследени со ретки грмежи.
Во понеделник ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе биде во опаѓање.
Можеби ќе ве интересира: