
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Содржината продолжува под рекламата
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.
Содржината продолжува под рекламата
Во деновите од викендот ќе се задржи топло време со попладневна нестабилност. Особено во сабота во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Можеби ќе ве интересира:
- (ВИДЕО) Фероинвест: Рекордна жетва во Овче Поле – Двојно повеќе силажа за биогасната електрана во Сарамзалино
- Утре рано наутро во Велес ќе се прска против комарци
- Десет пожари горат низ земјава – шест се под контрола
- Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нападната во Чаир при извршување на работни задачи
- Велешанецот Ангел Петрушев со одличен настап на Светското првенство во Франција