Временска прогноза

Veles so dron

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во текот на денот, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе биде 7. Утринската температура ќе биде од 11 до 20 Целзиусови степени, а дневната од 28 до 36 степени.

Zito akcija 640x289px

За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.

Agria

Температурата утре ќе се искачи до 36 Целзиусови степени.

Можеби ќе ве интересира: