Временска прогноза

Veles Juli 2023 oblacno
Veles Juli 2023 oblacno

Времето денеска, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кога и понатаму ќе биде ветровито. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Под влијание на циклонска активност утре и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено во ноќта кон сабота и потоа преку денот врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), локално во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час. На почетокот на неделата ќе биде стабилно со сончеви периоди во денот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: