Од Управата за хидрометеоролошки работи издадоа метео-предупредување за нестабилно време со врнежи од дожд.
– Попладне, а особено во текот на ноќта и утре во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни (над 15 л/м2) во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер (над 60 km/h) – стои во предупредувањето.
Од УХМР наведуваат дека преодно стабилизирање на времето ќе има в петок. В сабота локално, а в недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (7 до 10 степени).