Утрово во земјава во одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе се засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степена.
До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро.
Во сабота ќе има повремен дожд, претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.
Можеби ќе ве интересира: