Сончево и ведро време ќе преовладува денеска во земјава. Изутрина ќе биде студено со услови за утринска магла по одделни котлини, а преку ден сончево. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 3, а максималната од 14 до 19 степени.
Во вторник ќе има промена на времето и ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе бидат во значителен пораст.
Moжеби ќе ве интересира: