Временска прогноза, не очекува свежо време

veles

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Во северозападните делови ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Zito akcija 640x289px

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Agria

До четврток под влијание на продор на постудена воздушна маса ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Утре и во среда ќе има повремен локален дожд. Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/23856/pochina-rakometnata-legenda-na-borecz-petre-tutarkov/